Лука Модриќ дојде во Милано и предизвика тотална возбуда кај навивачите. Само за еден ден откако беше потврден трансферот, беа продадени дури 1.500 сезонски билети. Ова е втор најголем ден на продажба на претплати за клубот, веднаш по денот кога лојалните претплатници ги сменија своите места, пишуваат Италијанците.
„Над 30.000 претплати. Експлозија од интерес по објавувањето на доаѓањето на Модриќ“, гласи насловот на вчерашниот напис во „Газета дело Спорт“, кој продолжува: „Ова попладне започнува последната фаза од кампањата за продажба на претплати за навивачите на Милан: од 15 часот, сите заинтересирани навивачи на „росонерите“ ќе можат да ја купат својата картичка за претплата (додека не се достигне дефинираната горна граница на клубот).“
Дури 80% од „старите“ претплатници (оние кои се претплатиле најмалку пет сезони по ред), пак, ја продолжија својата претплата за уште една сезона.
И покрај последната разочарувачка сезона, навивачите сè уште веруваат во проектот и ги препознаваат амбициите на тимот и клубот. Големи толпи беа забележани на билетарницата, а рекорден број продадени претплати беше забележан на денот кога започна фазата на промена – тогаш беа продадени над 5000 претплати за еден ден.
📰 @Gazzetta_it: Season Tickets: Over 30,000 Sold 🔥 A surge in sales following the announcement of Luka Modrić! pic.twitter.com/Re49bjIPWv
— Milan Posts (@MilanPosts) July 25, 2025
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

