Хрватска денеска има шанса да го повтори успехот од Светското првенство во Русија кога се пласираше во големото финале. Но, за тоа „коцкестите“ ќе треба да ја сопрат Аргентина во натпревар во кој ќе ја одбележи битката помеѓу Лео Меси и Лука Модриќ.
Пред полуфиналниот натпревар во центарот на вниманието се најде токму русокосиот Хрват откако неговиот партнер за брендирање, Симон Бастијансен за данските медиуми раскажа интересна анегдота.
„Прв пат го запознав кога ја освои Златната топка, истата година кога ја освои и Лигата на Шампиони и сребрениот медал на Светското првенство, но кога го запознав сфатив дека е најпристојната спортска ѕвезда која сум ја сретнал во животот, а се знам со многу од нив“, започнува Бастијансен.
„Седевме на пријачка и тој се загледа во сопствениот часовник. Јас го пофалив како носи многу убав часовник, а тој пристојно се заблагодари и почна да ми раскажува“, алудирајќи на Дејтон Ролекс од црвено злато кој чини 40 илјади евра.
„Тоа е посебен часовник ми рече тој па ми раскажа како со тој часовник частел по освојувањето на Златната топка, а додаде како купил 25 часовници за соиграчите од Реал Мадрид и уште 25 часовници за соиграчите од националниот тим. Но, поклон не добиле само соиграчите туку и возачот на автобусот, лекарите, физиотерапевтите и помошниците“
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА