Хрватскиот репрезентативец Лука Модриќ во јануари дефинитивно заминува од Реал Мадрид.
Модриќ беше пред заминување од кралскиот клуб и изминатово лето, но и покрај тоа што имаше понуда од 200 милиони евра од Ал Ахли, се одлучи да потпише нов договор со Реал до јуни 2024. Сепак, веќе се поизвесно е дека нема желба повеќе да останува во Мадрид па речиси сигурно заминува во јануари.
Повторно Ал Ахли е силно загреан за потписот на Хрватот, но сега и екипата во чии редови настапува Карим Бензема, Ал Итихад сака да го донесе во јануари.
„Двата клуба планираат контакт со Лука, а потоа и официјална понуда до Реал“ – вели новинарот Руди Галети кој детално е запознаен со трансфер-случувањата во Саудиска Арабија.
Можноста за преселба во С. Арабија ја потврди и менаџерот на Лука Модриќ.
„Модриќ во моментов е фокусиран само на Реал, но идејата за негово заминување во Саудиска Арабија во јануари е можна“ – вели агентот на хрватскиот фудбалер, Борха.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

