Модриќ во понеделник става потпис на договор со Милан

Лука Модриќ по 13 години минати во кралскиот клуб се прости од Реал Мадрид.

Неговата ера во Реал заврши со пораз од 4-0 од ПСЖ во полуфиналето на Светското клупско првенство, а кариерата ќе ја продолжи во Милан.

Модриќ се врати во Мадрид со соиграчите и се прости од клубот и тимот, а италијанската „Газета дело Спорт“, ги открива деталите од трансферот во италијанскиот гигант:

„Лука Модриќ ќе дојде во Милан на почетокот на неделата на лекарски преглед и ќе потпише договор со Милан. Тоа ќе биде негов прв официјален чин како играч на Милан. После тоа ќе замине на одмор. Планот е да го претставиме Модриќ дури откако ќе се врати во Италија, најверојатно на почетокот на август“, пишува „Газета дело спорт“.

Се вчитува...