Модриќ задоволен по ремито со Рома: Ја продолживме долгата низа без пораз

Милан загуби значајни бодови во битката за титула во Серија А откако во дербито на 22. коло ремизираше со 1-1 против Рома.

Лука Модриќ сепак гледа позитивно по поделбата на бодовите со оглед на тоа што „росонерите“ ја продолжија низата од 21 натпревар едно по друго без пораз во Серија А.

„Мењан не спаси во првото полувреме. Доминираа по нашите први 15 минути, а потоа ние бевме подобри во второто полувреме. Постигнаа гол од пенал и веројатно без тој пенал би го задржале водството. Среќни сме што ја продолживме низата без поради и сега сите погледи ги насочуваме кон следниот натпревар“, изјави Модриќ за италијанските медиуми.

Се вчитува...