Хрватска денеска го отвора својот настап на Светското првенство 2018 со дуелот против Нигерија… И, секако во фокусот најдобриот фудбалер на „коцкестите“, Лука Модриќ.
Но, хрватските новинари успеаја добро да ја налутат ѕвездата на Реал Мадрид на прес-конференцијата пред денешниот дуел… Нормално, со прашањето за Здравко Мамиќ кој по пресудата од судот во Осијек избега во БиХ.
„Добро, немате нешто попаметно да прашате? Ова е светско првенство и не разговараме за други работи освен тоа што не засега. Колку долго го подготвувавте ова прашање“ – се обрати Модриќ, потоа сепак осврнувајќи се и на тоа што ја очекува Хрватска со Нигерија.
„Мислам дека имаме навистина добра генерација. Ние сме некој спој на младост и искуство. Со право очекувањата се големи од нас, но ние очекуваме најмногу од самите себе. Се надевам дека и притисокот нема да влијае на нас и ќе успееме да ги оправдаме очекувањата. Секако, желбата е првенството да го почнеме со победа против Нигерија“ – вели Модриќ.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА