Хрватска синоќа одигра разочарувачки натпревар против Турција во Осијек во квалификациите за ЕП 2024, доживувајќи пораз од 0-1.
Во еден момент во финишот на дуелот и главниот судија Ентони Тејлор дополнително ги налути домаќините.
Англискиот судија ја прекина играта поради пребрзо изведен корнер и ја стопираше акцијата, по што капитенот на Хрватска, Лука Модриќ не можеше да ја сокрие лутината.
Модриќ најпрво ја шутна нервозно топката, бурно реагираше, па откако доби опомена и жолт картон за сето тоа, дополнително збесна испраќајќи сочна пцовка за Тејлор.
„Ти е..м мајката ќелава во п…а“ – сочно го „поздрави“ Модриќ главниот судија Ентони Тејлор.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА