Моја со емотивна изјава – Мојот однос со Надал е многу поголем од тренер – тенисер

Тренерот на Рафаел Надал, Карлос Моја дека нивниот однос е поголем од тренер и тенисер и дека тие двајца се најдобри пријатели.

„Кога требаше да ги надмине тешките моменти, повеќе му бев пријател, од тренер. Сите знаевме дека поминува низ тежок период. Поради тоа во такви моменти не смееш да бидеш тренер, мора да бидеш пријател, да бидеш некој со кого може да разговара, некој кој може да го ислуша. Титулата во Рим многу му помогна. Му се крена самодовербата, која му беше потребна за да почне повторно да победува“, изјави Моја.

Рафаел Надал стигна до 12. титула на Ролан Гарос, која е вкупно 18. Грен-слем титула во кариерата.

Се вчитува...