Дејвид Мојес ги разреши сите дилеми околу својата иднина откако денеска потпиша нов договор со тимот на Вест Хем, останувајќи уште три сезони на чело на „чеканите“. Мојес успеа да го воскресне Вест Хем, лондонскиот клуб не само што не се бореше за опстанок, туку се избори за место во европките купови, а одличните игри на „чеканите“ придонесоа Мојес да се најде на врвот на листата со желби на Евертон.
Тој имаше разговори со раководството на клубот за евентуален камбек на „Гудисон Парк“, но реши да ја одбие оваа понуда и да остане во Вест Хем, за што од челниците на својата екипа беше награден со нов тригодишен договор.
„Среќен сум што ќе останам дел од овој клуб. Како што реков многупати претходно, Вест Хем е голем клуб со прекрасен стадион и голема фан-база, така што ги имаме сите предуслови за уште поголем напредок“, изјави Мојес по потписот на новиот договор.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА