Дејвид Мојес ќе стави крај на шпекулациите околу својата иднина потпишувајќи нов договор со тимот на Вест Хем, клуб со кој искусниот стратег стигна и до европски трофеј триумфирајќи во Конференциската лига на УЕФА минатата сезона.
Вест Хем играше променливо од стартот на сезонава, по што беше најавено дека Мојес нема да добие нов договор, туку по истекот на актуелниот летово ќе си замине од кормилото на „чеканите“. Сепак, ситуацијата се промени по добрите игри во последно време. Откако синоќа беше забележан огромен триумф на гостувањето против Арсенал, денеска беше објавено дека е постигнат голем напредок во преговорите и Мојес во наредните десетина дена ќе потпише нов договор, со важност до јуни 2026 година.
Дејвид Мојес денеска прославува точно четири години од своето пристигнување во Вест Хем, откако на 29 декември 2019 му се приклучи на лондонскиот клуб, заменувајќи го Мануел Пелегрини.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА