„Мојот договор е до крај на ноември, а во моментов сум фокусиран само на Велс и Летонија“

Селекторот на фудбалската репрезентација на Македонија, Благоја Милевски го објави списокот за одлучувачкиот натпревар во квалификациите за пласман на Светското првенство 2026 година во САД, Канада и Мексико, како и за пријателскиот дуел против Летонија во Скопје.

Селекторот на денешната прес-конференција говореше и за неговиот договор на клупата на националната селекција, кој завршува по мечот со Велс.

„Јас сум под договор со Фудбалската федерација на Македонија до крајот на ноември и максимално сум фокусиран единствено на Велс и Летонија, и ништо друго…. Не размислувам за тоа што ќе биде понатаму“ – истакна селекторот Милевски, освранувајќи се притоа и на минутажата на репрезентативците, од кои како што вели е секогаш повеќе од задоволен од се што даваат за македонскиот дрес кога ќе дојдат на репрезентативните собири.

„Пак ќе повторам дека не сум задоволен од минутажата што ја имаат во своите клубови, но не можам да замерам на ниту еден фудбалер бидејќи имаат серија од 14 меча без пораз во официјални натпревари, секогаш оставајќи го срцето за Македонија. Секој од нив“.

Се вчитува...