Минаа само два месеци откако медиумите во Англија пишуваа дека менаџерот на Вест Хем, Дејвид Мојс ќе добие нов договор. Меѓутоа денеска стигна демант од самиот клуб, со тоа што тимот објави дека ова ќе му биде последен меч на Мојс на клупата на „чеканите“.
Според медиумите во Англија, Вест Хем веќе пронашол и нов тренер, во името на Жулен Лопетеги, кој во минатото работеше во Вулверхемптон, во Реал Мадрид, Севилја, и на кормилото на Шпанија.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА