Мојс: Ова е неверојатно, голманот глуми повреда, нам ни поништуваат гол…

Менаџерот на Вест Хем, Дејвид Мојс смета дека неговиот тим требало да дојде до бод во дуелот со Челси. При 2-1 за лондонските „сини“, на „чеканите“ им беше поништен гол преку Макс Корне, затоа што ВАР технологијата сигнализираше прекршок врз голманот Менди.

Навивачите на „чеканите“ исто така се согласуваат со менаџерот дека е апсурдно што им бил поништен голот, затоа што играчот, според нив, не го ни „допрел“ голманот.

„Јас го поддржувам ВАР, но мислам дека во овој случај голманот на Челси лажира повреда, затоа што не може да стигне до топката. Тој го направи истото и при првиот гол. Ова е неверојатно.  Тоа е скандалозна одлука, апсолутно неверојатна од еден од најдобрите судии“, рече Мојс. 

Се вчитува...