Директорот на Агенцијата за спорт и млади, Наумче Мојсоски денеска реализираше средба со раководството на Одбојкарската федерација на Македонија и одбојкарските репрезентативци искажувајќи уште еднаш честитка за пласманот на македонските одбојкари на Европското првенство 2021.
„Денеска ја имав честа и лично да им честитам на македонските одбојкари за пласманот на Европско првенство. Одбојкарската репрезентација, по вторпат успева да обезбеди пласман на ЕП, со што пред нас годинава се големи спортски настани. Како спортист, точно знам колку е важна поддршката на спортистите и индивидуално и на целиот тим. Ова се луѓе, кои вложиле многу во себе, но и се откажале од многу работи, за целосно да му се посветат на спортот кој го одбрале. Тие се нашите највлијателни амбасадори и секој нивни успех, е наш заеднички успех“ – истакна Мојсоски, притоа дополнувајќи:
„АМС дава целосна поддршка и во иднина уште повеќе ќе ја продлабочуваме соработката со спортските здруженија и федерации. Во тесна соработка, ќе утврдиме каква и каде е најпотребна поддршка за уште посилно унапредување на спортот во нашата земја. Само така ќе придонесеме за заеднички успеси на кои ќе се радуваме сите“.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА