Тиквеш и Вардар утре од 17 часот во Кавадарци го отвораат 2. коло во Првата македонска фудбалска лига.
Кавадарчани во првото коло ремизираа без голови со Работнички, а сега, како што вели шефот на стручниот штаб Ѓорѓи Мојсов, посакуваат да дојдат и до првиот триумф.
„Натпревар како и секој друг. Го респектираме Вардар, знаеме против кого играме и ќе го дадеме максимумот. Против Работнички не го игравме нашиот фудбал, немавме посакувана доминација. Утре ќе биде сосема поразличен натпревар, подготвени сме и знаеме како да дојдеме до победата. Ме радува што публиката и ‘Лозарите’ се секогаш тука за нас да ни дадат поддршка“ – вели Мојсов.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

