АЕК Ларнака работи на македонски погон. Нашите фудбалски интернационалци Даниел Мојсов и Иван Тричковски беа стрелци за својот тим на денешниот триумф против Докса во првенството на Кипар. По овој триумф, АЕК Ларнака се наоѓа на четвртото место на табелата со 46 бода.
Мојсов ја отвори серијата голови за својот тим со погодокот во втората минута, а многу брзо се надоврза и Иван Тричковски, кој погоди во 11.минута. До крајот, АЕК Ларнака постигна уште два гола и славеше сигурен триумф.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА