Мојсов: Им се извинувам на сите искрени навивачи на Тиквеш и Брегалница, но кога некој физички ќе ви нападне родител…

Поранешниот македонски репрезентативец, капитен на штипска Брегалница, Даниел Мојсов доби ретко видено исклучување на вчерашниот натпревар од 3. коло во ПМФЛ меѓу Тиквеш и Брегалница, во неговото родно Кавадарци.

Во 75. минута од натпреварот Мојсов се впушти во физичка пресметка со навивач на трибините, откако истиот физички го нападна неговиот татко кој заедно со неговото семејство и деца беше на трибините на Градскиот стадион во Кавадарци. Мојсов, инстиктивно, човечки, реагираше кон провокаторот на трибините, иако свесен дека неговиот потег е несоодветно непрофесионален… Но, како што и самиот нагласува, едноставо повеќе не можел да ги слуша и гледа навредите кон неговото семејство од поединци, кои кулминирале и со физички напад на родителите.

Сепак, Мојсов, се извини за својата постапка кон сите искрени навивачи на Тиквеш и на Брегалница, но и кон сите искрени љубители на фудбалот во Македонија, потенцирајќи, од друга страна, дека на лица кои не знаат што се спортски натпревари воопшто не им е местото на трибините.

„Се извинувам на сите навивачи на фудбалот, на верните навивачи на ФК Тиквеш и ФК Брегалница, на верните љубители на Кавадарци и Штип, но не можев да издржам кога некој вреѓа и физички да се пресметува со родител и семејство заедно со моите деца да не изреагирам како што реагирав! Можеби не требаше така како професионалец, но човек од крв и месо сум (трпев цела година вакво вреѓање на моето семејство!). Се извинувам и на Фудбалска Репрезентација на Македонија и на сите официјални лица! Само едно можам да кажам, такви лица не смеат да присуствуваат на трибини!!!“ – напиша Мојсов по вчерашниот инцидент во Кавадарци.

Се вчитува...