Mojсов: На полувреме на моите фудбалери им кажав ќе биде грев ако загубиме!

Oсвојувачот на Купот на Македонија, Тиквеш со неверојатен пресврт (3-2) славеше над исландски Бреидаблик во првиот натпревар од воведното коло од квалификациите за новата сезона во Конференциската лига на УЕФА.

Tренерот на кавадарци Ѓорѓи Мојсов по мечот вели дека ова е само педесет отсто од тоа што можат да го покажат.

„На полувреме на моите фудбалери им бев ќе биде греота ако не успеаме барем да израмниме. Кај некои играчи голема беше тремата на почетокот, бидејќи ова беше прв меч европски за Тиквеш. Во второ полувреме кога видовме дека сме екипа што е поквалитетна, успеавме да направиме голем пресврт. Презадоволен сум од победата, иако денеска покажавме само 50 отсто од нашите можности“, изјави Мојсов. 

Се вчитува...