Мојсов се премисли, потпиша нов едногодишен договор со АЕК Ларнака

Македонскиот интернационалец Даниел Мојсов и следната сезона ќе го носи дресот на кипарскиот прволигаш АЕК Ларнака. Иако се збогуваше преку социјалните мрежи, сепак, од втор обид раководството на клубот и фудбалерот успеаја да најдат заеднички јазик за нова едногодишна соработка. Мојсов веќе четири и пол сезони е член на АЕК Ларнака каде соиграч му е и Иван Тричковски.

Дефанзивецот досега има 89 настапи за АЕК Ларнака во кипарското првенство, 14 во Купот на Кипар, едно учество во Суперкупот и 25 настапи во европските купови во „жолто-зелениот“ дрес. Досега има постигнато пет гола во сите натпреварувања.

Се вчитува...