Ѓорѓи Мојсов од денеска повеќе не е шеф на стручниот штаб на Тиквеш откако самиот си поднесе оставка по поразот од 3-4 од Арсими, и тоа во меч во кој кавадарчани влегоа во последните десетина минути со водство од 3-1, но на крајот шокантно загубија.
Одличниот стручњак преку објава на социјалните мрежи се збогуваше од клубот, не криејќи ја гордоста дека со Тиквеш го оствари најголемиот успех во клупската историја – кревањето на куп-трофејот.
„На мојот Тиквеш му посакувам многу успех во иднина,изминативе 3 години секоја секунда секоја минута бев 200 % вложен во мојата работа за што поголем успех,Успеавме со мојот тим да го постигниме најголемиот успех во историјата на Тиквеш, Оваа години од многу причини не бевме на нивото што требаше да бидиме,затоа и одговорноста е моја и оставката неизбежна.Благодарам до сега на секоја подршка што ја имав од Кавадеречката публика а најмногу до Лозари Исток Кавадарци“, објави Ѓорѓи Мојсов.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

