Мојсов во „Тимот на сите времиња“ на Војводина, заедно со Милинковиќ-Савиќ, Тадиќ, Катаи… (ФОТО)

Актуелниот капитен на штипска Брегалница и поранешен македонски репрезентативец, Даниел Мојсов се најде во најдобриот тим во историјата на новосадска Војводина.

Мојсов во периодот од 2010 до 2012 година остави силна трага во дресот на Војводина, издвојувајќи се како еден од најдобрите централни дефанзивци кои настапувале за новосаѓани во историјата на клубот.

Па, сега повеќе од заслужено се најде во изборот на „Тимот на сите времиња“ на Војводина, заедно и со Сергеј Милинковиќ-Савиќ, со Тадиќ, со Катаи, Абубакар…

Даниел Мојсов зад својата богата фудбалска кариера во која настапуваше и за Македонија ЃП, Вардар, норвешки Бран, белгиски Лирс, турската Адана како и АЕК Ларнака на Кипар, има и 39 официјални настапи во дресот на најдобрата македонска репрезентација.

Се вчитува...