Мојсовска 14. во воздушна пушка на МИ во Оран

Македонската натпреварувачка во стрелаштво Анастасија Мојсовска го освои 14. место во дисциплината воздушна пушка на Медитеранските игри во Оран, Алжир.

Таа во силна конкуренција на најдобрите жени од медитеранските земји испука 619,8 кругови со серии: 103,5 102,0 104,2 103,0 102,2 104,9. Резултатот е очекуван и солиден со оглед на тоа што истата e млада јуниорка која го држи Македонскиот рекорд од 622,1 кругови. За влез во финале и дополнителна борба за медал беа потребни 626,5 кругови до кои не успеа да стигне Мојсовска.

Се вчитува...