Македонските спортисти веќе се сместија во олимпиското село, по што со мислите се насочија кон настапот на претстојните Олимписки Игри.
Така, нашата натпреварувачка во стрелаштво, Анастасија Мојсовска, го одржа и првиот тренинг во пресрет на најмасовното спортско натпреварување.
„По сместувањето во олимпиското село за спортско стрелаштво кое се наоѓа на 275 км од Париз, денес Анастасија Мојсовска го одржа првиот контролен тренинг на кој се се одвиваше во најдобар ред, а Анастасија истиот го одработи на ниво во нашите планирани очекувања. До натпреварот на 28-ми јули во 9 часот ќе имаме уште два тренинга, на 25-ти и 27-ми јули кои се доволни за аклиматизација на стрелците додека условите во стрелиштето се одлични. Очекуваме одличен резултат од Анастасија“, порачуваат од Македонскиот Олимписки Комитет.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА