Селекторот на женската ракометна репрезентација на песок, Златко Мојсовски го објавува списокот на повикани ракометарки за собир и настап за претстојното Европско Првенство – ракомет на песок кое ќе се оддржи во градот Назаре во Португалија во период од 24. до 28. мај.
На претстојното Европско првенство репрезентацијата на Македонија е дел од групата Б заедно со репрезентациите на Холандија, Украина и домаќинот Португалија.
Првиот собир на репрезентативките е закажан за 24. април на игралиштето на песок на Кејот во Скопје, со почеток од 11 часот.

Распоред на натпревари на женската ракометна селекција:
УКРАИНА – МАКЕДОНИЈА
МАКЕДОНИЈА – ХОЛАНДИЈА
МАКЕДОНИЈА – ПОРТУГАЛИЈА

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

