Мојсовски: Можеш да загубиш, но да не се бориш – тоа е лошо

Долгогодишниот ракометен репрезентативец, сега директор на Агецијата за Млади и Спорт, Наумче Мојсовски, не го криеше разочарувањето од новото бледо издание на нашиот национален тим при денешниот пораз од Русија.

Мојсовски во изјава како гостин на Македонската Телевизија го критикуваше лошиот пристап на ракометарие, кои според него уште од самиот почеток излегле со бело знаме на теренот.

Можеш да загубиш многу, но да не се бориш тоа е лошо. Мора некако да се мотивираме. Самото СП да ни биде мотивација. Ракометарите треба да знаат колкава тежина носи дресот со националните бои. Никој нема да ти замери ако се бориш, но ние тоа денеска не го видовме. Се предадовме уште на самиот старт и излеговме со бело знаме. Се се сведува на мотивација. Кога си на СП мора мотивацијата да ти биде плафон. Голем плус за младите деца кои се таму. Големо искуство за нив. Мислам дека треба да видат дека не е нишо различно ракометот што се игра дома со тоа таму. Се надевам дека ќе одиме се понапред. Од мене имаат поддршка, треба трпение да се искалат. Но, пак ќе повторам може да загубиш и 3 и 20, но ако нема борба залудно е се“, изјави Мојсовски.

Се вчитува...