Поранешниот репрезентативец Златко Мојсовски ја продолжува соработката со Еурофарм Работник. Мојсовски потпиша нов едногодишен договор и ќе биде дел од битолскиот тим и во наредната сезона.
Претходно, Еурофарм Работник ја продолжи соработката со тренерот Андон Бошковски и со поголем дел од играчите од актуелниот состав. Нови договори со клубот потпишаа Фарук Мемиќ, Игор Трајковски, Стефан Талевски, Горан Крстевски, Градимир Чаневски и Дарио Петровски. Како засилувања за новата сезона во Битола доаѓаат репрезентативното крило Гоце Ојлески, Филип Ивановски и црногорскиот репрезентативец Марко Чампар.
Во претстојната сезона, Еурофарм Работник ќе го одбелчежи и своето деби на европска сцена со настап во Челинџ купот.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА