Даниел Димевски се наоѓа пред промоција за нов претседател на МОК, откако доби неколку клучни битки во пресрет на гласањето за наследник на Васил Тупурковски.
Димевски за противник во трката ја има Александра Војнеска – Зикова, но поранешниот предводник на КФМ забележа неколку победи во гласањето, при изборот на дневниот ред и при изборот на верификациската комисија, која потоа го избра Александар Маленко како валиден претставник на Пливачката Федерација.
Во една таква ситуација, приврзаниците на Војнеска – Зикова побараа прекин на Собранието.
„Можеби ќе звучи лошо, но и лошо почна. Предлогот што ке го дадам сега мислам дека ова собрание мора тука да прекине и да го одложиме“, побара Примислав Димовски.
Овој предлог беше одбиен, Собранието продолжува со работа, а со оглед на досегашниот тек Димевски важи за огромен фаворит за нов претседател.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА