Дванаесет македонски спортисти денеска потпишаа договори за олимписка стипендија со претседателот на Македонскиот олимписки комитет, Васил Тупурковски. Потенцијалните кандидати за настап на ОИ 2020 во Токио, ќе добиваат месечна стипендија за реализација на нивните развојни стратешки планови врз основа на кои тие треба да остварат норма за учество на Олимпијада. Овие развојни планови националните федерации треба да ги достават до МОК.
Тројца од олимписките кандидати ќе добиваат паричен надомест од 800 долари месецчно, а другите девет ќе имаат месечна стипендија од 625 долари.
Олимписки стипендисти на МОК за ОИ 2020 во Токио се:
1.ДЕЈАН ГЕОРГИЕВСКИ – Таеквондо (800 долари)2. БЕРАТ ЈАКУПИ – Карате (800 долари)3. ЕМИЛ ПАВЛОВ – Карате (800 долари)4. ЛИНА ЃОРЧЕВСКА – Тенис (625 долари)5. ДАРИО ИВАНОВСКИ – Атлетика (625 долари)6. АРБРЕША РЕЏЕПИ – Џудо (625 долари)7. НИНА БАЛАБАН – Спортско стрелаштво (625 долари)8. НАТАША СТЕФАНОВСКА – Карате (625 долари)9. ПУЛЕКСЕНИЈА ЈОВАНСКА – Карате (625 долари)10. ЕВГЕНИЈ ПОП АЦЕВ – Пливање (625 долари)11. ЕЛМЕДИН СЕЈФУЛАУ – Борење (625 долари)12. МАГОМЕДГАЏИ НУРОВ – Борење (625 долари)
„Спортските резултати на спортистите, а не олимписката стипендија, ќе биде единствен фактор според кој може да се извори учество на Олимписките игри во Токио во 2020. Олимписката стипендија не значи можност за добивање на „предност“ на олимписките стипендисти во однос на другите спортисти, можност која сама по себе не значи предност на еден спортист во однос на друг, туку служи исклучително како дополнување на финансиските обврски за реализација на плановите и програмите на спортистите кои се предложени од страна на соодветните Национални спортски федерации. Списокот може да биде променет и не е конечен“ – стои во известувањето од МОК.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА