Македонскиот олимписки комитет од денеска до 21 мај ќе биде домаќин на Конференцијата на Европскиот олимписки комитет (ЕОК) и на форумот на Меѓународниот олимписки комитет (ИОК) – Олимписка солидарност.
На Конференцијата ќе бидат презентирани извештаи за текот на подготовките на ЗОИ 2018 во Пјонг Чанг, младинските ОИ 2018 во Буенос Аирес, Европските игри 2018 во Минск, ЛОИ 2020 во Токио, ЗОИ 2022 во Пекинг. Извештај ќе поднесе и Светската анти-допинг агенција како и организаторите на Европскиот младинси фестивал Ерзурум 2017 и Летниот европски мкладински олимписки фестивал Ѓер 2017, информираат од МОК.
Олимпискиот канал, како и развојот на спортскиот и на финансискиот менаџмент, користењето на социјалните мрежи и еволуцијата на дигиталната комуникација ќе имаат исто таа важно место на оваа Конференција.
На отварањето на Конференцијата на 19 март (9 часот) во хотел Мериот, ќе се обрати претседателот на МОК, Васил Тупурковски, а гостите ќе ги поздрави и градоначалникот на Скопје, Коце Трајановски.
Овој настан ќе се пренесува во живо на МОК ТВ каналот, а преносот ќе биде превземен и од Европскиот олимписки комитет и Олимпискиот канал на ИОК.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА