Олимписки комитет на Северна Македонија. Ова е новото име кое го прифатија делегатите на редовното годишно собрание на националниот олимписки комитет на Македонија. На состанокот беше променет и Статутот и беше направена клучната измена со која Националните спротски федерации кои се од олимписките спортови го преземаат мнозинството во собранието.
„Како и сите во Македонија и ние сме чувствителни на името на македонскиот олимписки комитет. Не прифативме да бидеме олимписки комитет на ФИРОМ. Бидејќи се усогласија рботите на државно ниво, уставот и законите се сментети, а инфоромацијата потекнува од ООН кон ИОК и затоа мораме да носиме одлука да се викаме Олимписки комитет на Северна Македонија. Ние не можеме да го браниме името, не сме го створиле проблемот, но си ја почитуваме државата“ – рече претседателот на Олимпискиот комитет на Северна Македонија, Васил Тупурковски.
Промените на статутот се направени во синхронизација со Интернационалниот олимписки комитет, а доаѓаат по покренувањето на иницијативата за промени во МОК. Седницата на собранието мина брзо, кратко и без никакви турбуленции.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА