МОК и Меѓународниот комитет на Медитернаските игри во заедничка акција (ФОТО)

Денес во Скопје се одржува дебрифингот за Медитеранските игри (на плажа) на кој учествуваат 26 Национални олимписки комитети, 8 Меѓународни спортски федерации како и Меѓународниот комитет на Медитеранските игри (МКМИ).

Најнапред Генералниот секретар на МКМИ, Јаковос Филипусис го додели највисокото признание “Трофеј на Медитеранските игри“ на претседателот на МОК, Даниел Димевски за успешниот долгогодишен развој на медитеранското спортско движење.

Посебни награди МКМИ им додели и на Владимир Богоевски и Мирко Димчевски како освојувачи на медали на Медитеранските игри.

Посебен осврт и анализа беше даден на Медитеранските игри на плажа Хераклион 2023, а беа оретставени и плановите за идните Медитерански игри Таранто 2026, како и следните игри на плажа кои ќе се одржат во Портимао и Лагоа 2027, во Португалија.

На крај, следеа заеднички заклучоци на Национланите олимписки комитети и Меѓународните спортски федерации за идниот долгорочен развој на Медитеранските игри и Медитеранското спортско движење.

Од страна на МОК на Генералниот секретар на МКМИ, Јаковос Филипусис му беше доделено посебно признание за неговиот придонес и развојот на Медитеранскиот спорт како и за развојот на врвниот спорт во Македонија.

 

Се вчитува...