МОК и официјално почна истрага против гимнастичарот кој ја поддржа руската инвазија!

Меѓународната гимнастичарска федерација објави дека побарала дисциплинска постапка против рускиот гимнастичар Иван Куљак, кој го покажа знакот што се поврзува со руската инвазија во Украина на победничкиот подиум за време на Светскиот куп во Доха.

Куљак при доделувањето на медалите се појави со буквата „З“, со која се обележани руските воени трупи во Украина, па така ја налути светската јавност која побара строга казна за гимнастичарот.

Меѓународниот олимписки комитет (МОК) пред една недела им забрани на Русите и Белорусите да учествуваат на спортски натпреварувања доколку испратат политичка порака или носат руско обележје.

 

 

 

Се вчитува...