Изминатиов викенд Претседателот на Македонскиот олимписки комитет Даниел Димевски имаше работна посета на Р.Албанија каде беше гостин на Претседателот на Олимпискиот комитет на Албанија г-динот Фидел Ули и премиерот на Р. Албанија г-динот Еди Рама.
На оваа посета беше договорен и потпишан Меморандум за соработка помеѓу двата комитети. Средбата со премиерот на Р. Албанија беше во кабинетот на премиерот каде се разговараше за креирање на нов мултиспорт евент за земјите од југоисточна Европа со што ќе продолжи трендот за подобрување на климата за соработка на земјите од регионов и пошироко.
Претседателот Димевски беше примен и од страна на Министерката за едукација и спорт г-ѓата Огерта Манастирлиу. Посетата на Р.Албанија беше заокружена со посета на спортскиот центар во Корча каде со градоначалникот Сотираќ Фило се отвори темата за збратимување на градот Корча со некој наш македонски град.
Посетата на Корча претседателот Димевски ја искористи и да даде интервју на македонски јазик емитувано на националниот канал на Република Албанија, за потребите на нашата македонска дијаспора од делот на Поградец и Корча.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА