МОК ја организаираше првата обука во рамки на темата „Добро владеење“

Македонскиот Олимписки Комитет ја организираше првата обука во рамки на темата „Добро владеење“ , посветена на унапредување на транспарентноста, отчетноста и правилното управување во работата на спортските федерации. на работилницата беа присутни претставници од спортските федерации кои ги споделија своите искуства на оваа тема и ја користеа алатката за само-евалуација.

Работилницата беше водена од полскиот експерт Грег Ботвина, кој преку практични алатки и добри меѓународни практики ги претстави клучните стандарди за етичко и ефективно функционирање на спортските организации.

„Оваа работилница се реализира во рамки на проектот „Интегритет во спортот: Градење на доверба преку акција“, финансиран од Олимписката солидарност.

Продолжуваме активно да работиме на темата спортски интегритет, затоа што тој претставува темел за фер натпреварување, доверба во спортските институции и долгорочен развој на спортот. Без силни механизми за интегритет, спортот се соочува со ризици од корупција, манипулации и неправилности што ја нарушуваат неговата иднина. Следен чекор: tailor-made работилници и менторски сесии  за 5 спортски федерации, со цел конкретна поддршка и унапредување на нивните системи на управување“, стои во објавата на МОК.

Се вчитува...