МОК контра Русинката: Доколку Валиева освои медал, нема да и се додели на ЗОИ во Пекинг

Меѓународниот Олимписки комитет (МОК) реагираше по повод одлуката на судот за спортска арбитража во Лозана, тој пресуди во корист на младата, 15-годишната Камила Валиева од Русија, и дозволи таа да го продолжи учеството на Зимските олимписки игри и покрај барањето да биде суспендирана поради наводен допинг.

МОК соопшти дека се до расчистување на „случајот“ Валиева, таа и да освои медал на утрешните поединечни натпревари во уметничко лизгање, нема да се најде на церемонија за доделување, а нема да се одржи ниту церемонија за доделување на медалите во екипна конкуренција на која таа со селекцијата на Русија го освои златото се до затворање на случајот.

„Доколку г-ца Валиева биде во првите три во женските натпреварувања во поединечна конкуренција, МОК нема да одржи церемонија на доделување на медалите за време на Зимските олимписки игри во Пекинг. Во интерес на правичноста кон сите спортисти и Националните олимписки комитети, не би било соодветно да се одржи церемонија на медали за екипниот настан на Зимските олимписки игри во Пекинг бидејќи тоа би вклучувало спортистка која има позитивен А примерок, но тие прекршувања на антидопинг правилата сè уште не се утврдени“ – се огласи МОК.

Воедно МОК потврди дека за Валиева важат посебни правила за евентуални санкции а се однесуваат за спортистите помлади од 16 години, таа е можно да биде суспендирана на две години со бришење на сите резултати постигнати во периодот од 25 декември до седми февруари, односно од позитивниот тест до крајот на ЗОИ во Пекинг.

Се вчитува...