МОК се огласи со соопштение по повод уписот на претседателите Горан Стоајновски и Наум Јанакиев на Националната пливачка односно Голф федерација.
Од МОК истакнаа дека со тоа завршува дуализмот во националните спортски федерации.
„На општо задоволство на олимпиското семејство, конечно се расчистија формално правните дубиози и дуализам во раководењето со Националната пливачка и Голф федерација на Македонија, со упис на претседателите Горан Стојановски на местото на Александар Маленко и Наум Јанакиев на местото на Менче Николовска Папеш.
Со овој чин само се потврди фактичката состојба базирана на реалната спортска волја на спортските клубови од споменатите федерации, како и правното мислење и изградениот став на Спортско Арбитражниот Суд при МОК.
Исто така, после два неуспешни обиди за одржување на изборно Собрание на Одбојкарската федерација, конечно Петар Јовановски е реизбран за старо нов претседател.
На сите претседатели Македонскиот Олимписки Комитет им честита и посакува плодна соработка и многу заеднични спортски успеси.“, велат од МОК.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА