Денеска во првата скопска гимназија СУГС „Јосип Броз Тито“, МОК го одбележа 6-ти Април -Меѓународниот ден на спортот за развој и мир.
На овој глобален спортски настан кој се одржува во 206 држави, Националните олимписки комитети во партнерство со образовните и државните институции го одбележуваат овој меѓународен ден.
На овој свечен настан, претседателот на МОК, м-р Даниел Димевски заедно со директорот на СУГС “Ј.Б.Т.“, Силвана Кржовска, заменик градоначалник на Град Скопје, г-дин Александар Трајановски, претседателот на Федерацијата за училишен спорт, проф. Александар Туфекчиевски, доделија на голем број млади спортисти дипломи за постигнати врвни спортски резултати, а беа организирани и голем број спортски натпревари.


Претседателот на МОК, М-р Даниел Димевски во својот говор ја нагласи уникатната моќ на спортот и посебно на Олимписките игри и Олимпиското движење во насока на обединување на луѓето на глобално ниво, а во исто време додели донација во спортска опрема на СУГС “Јосип Броз Тито“.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

