Македонскиот олимписки комитите денеска информираше дека заклучно со 22. јуни 2021 година, спортисти за кои е потврдено учеството на 32. Олимписки игри ТОКИО 2020 (23 Јули-8 Август 2021 година) се:
1. Дејан Георгиевски – Таеквондо “А“ Олимписка норма
2. Магомедгаджи Нуров – Борење слободен стил “А“ Олимписка норма
3. Јован Стојоски – Атлетика, 400 метри – Универзално место (вајлд карта)
4. Пулексенија Јованоска – Карате, Кати – Универзално место (вајлд карта)
5. Борјан Бранковски – Спортско стрелаштво – воздушен пиштол 10 м – Универзално место (вајлд карта)
МОК во зацртаниот рок, исклучиво врз основа на официјално доставена документација од страна на Меѓународната пливачка федерација (FINA), на 20 Јуни 2021 година достави апликација за Универзално место (вајлд карта) за еден пливач и една пливачка и тоа за:
1. Филип Дерковски – 732 ФИНА поени
2. Ева Петровска – 714 ФИНА поени
„До овој момент, МОК нема добиено никаков официјален документ или каква и да е потврда од страна на ФИНА за кој и да е друг спортист. МОК е во процес на преговори со ФИНА и со Пливачката федерација на Северна Македонија за расчистување на оваа ситуација, која треба да биде разјаснета до 1 Јули 2021 година. МОК за оваа ситуација е исто така во тесна комуникација со Меѓународниот олимписки комитет (ИОК), имајќи во предвид дека МОК, според ИОК е единствена надлежна институција во нашата држава за одредување на составот на Олимписката делегација која ќе учествува на Олимписките игри ТОКИО 2020. Имајќи во предвид дека ниту една државна институција или единица за локална самоуправа не се обратила до МОК за добивање на соодветни информации, а исто така до МОК не се обратил ниту еден електронски медиум (ТВ, веб портали, печатени медиуми и слично), информираме дека МОК како и секогаш стои на целосно располагање на јавноста и државните институции за каква и да е релевантна и официјална комуникација“ – се вели во соопштението од МОК.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА