Македонскиот олимписки комитет денеска организира „Олимписки пикник“.
Манифестацијата ќе се одржи во СЦ „Јане Сандански“ во Скопје, а програмата ќе стартува во 12 часот. Претходно, еден час порано ќе се одигра кошаркарското финале од училишните игри во општина Аеродром.
„Почитувани пријатели, спортисти, спортски работници. По повод 6. април, меѓународниот ден на спортот за развој и мир, МОК ја обновува традицијата на “Олимписки пикник”кој ќе се оддржи во кругот на СЦ Јане Сандански (тениски игралишта). Оваа манифестација е наменета за дружење меѓу спортските великани, спортски работници, новинари, спортисти подржувачи на спортот. Настанот ќе биде пропратен со музика и естрадни ѕвезди а ќе биде промовирана и новата навивачка песна која со сигурност ќе ја слушаме на трибините бодрејќи ги нашите спортисти. Настанот почнува во 12:00 часот а како увертира, во големата сала во Јане Сандански ќе се одигра и кошаркарското финале (11 часот) од училишните игри на Општина Аеродром. Ве очекуваме!“, стои во соопштението на МОК.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА