МОК почнува со два нови проекти: „Златниот олимписки денар“ и платежна картичка како бенефит за македонските спортисти

Во просториите на МОК се одржа редовна седница на Управниот одбор на која беше усвоена завршната сметка како и финансискиот извештај за 2022 година.

На членовите на Управниот одбор им се презентираше планот за отпочнување на двата проекти “Златен олимписки денар“ и операционализација на проектот платежна картичка, преку кои најголем бенефит ќе имаат македонските спортисти.

Согласно дневниот ред, беа презентирани извештаите за веќе изминатите Медитерански Игри, Оран 2022 и Европскиот Зимски Младински Олимписки Фестивал 2023. Членовите имаа можност да се запознаат со тековните подготовки за Европските игри во Краков, Полска, како и за сите проекти на кои моментално работи МОК.

Се вчитува...