МОК се преименува, демек се реновираше, подмладувањето го остави за другпат (ФОТОГАЛЕРИЈА)

МОК го промени името, делумно и се реновираше со тоа што олимписките спортови го добија мнозинството, се „засили“ со државни фунционери, но и си ја продолжи традицијата со ветерани да го пополнува собранието. Тоа досега не донесе добри резултати, ниту некоја посебна стратегија за спортот во државата, но МОК, кој отсега ќе биде ОКСМ, отсекогаш и бил само прибежиште за одредени спортски имиња и никогаш не успеа да се наметне како водечка институција за спортот во државата.

Така функционира и МОК ТВ, и сите останати структури, сите сакаат само да „грабнат“ функција, а олимписките норми ни станаа „научна фантастика“… Македонија одамна се држи само за олимпиското мото „важно е да се учествува“…

 

 

Се вчитува...