Македонскиот Олимписки Комитет повторно се вклучи во акција за помагање на условите за спортување, донирајќи спортска опрема во основните училишта во скопската населба Ѓорче Петров.
Оваа опрема секојдневно се користи за вежби од Едукативната Олимписка програма за развој на младите преку Олимписки вредности, кои наставниците им ги пренесуваат на учениците, помагајќи им да ги усвојат Олимписките вредности: почит, еднаквост и инклузија.
„Со новата опрема, учениците ќе имаат можност да се натпреваруваат и уживаат во различни спортови, како фудбал ⚽️, кошарка 🏀, ракомет 🤾♂️, одбојка 🏐 и останати спортови и тоа во значително подобри услови. Целта е да им се овозможи на младите да ги развиваат своите спортски вештини и да се насочат кон здрави навики што нам како општина ни е особено важно. Со задоволство ја поздравив оваа иницијатива и изразив благодарност за поддршката од МОК. Ваквите проекти кои ја подобруваат инфраструктурата и опремата во училишните спортски сали ќе продолжат и во иднина за да се обезбедат уште подобри услови за развој на младите спортисти, но и оние со желба за рекреативен спорт“, изјави Александар Стојкоски, Градоначалник на општината Ѓорче Петров.
„Во декември нè очекуваат мини спортски олимписки игри во СЦ „Јане Сандански“, каде повеќе од 500 ученици ќе учествуваат и ќе се натпреваруваат на различни полигони и дисциплини“, информираат од МОК.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА