МОК со донација спортски реквизити за училиштата во општина Аеродром

Македонскиот олимписки комитет (МОК) донираше нови, квалитетни спортски реквизити за училиштата во општина Аеродром.

Оваа значајна донација е дел од заедничкаta визија за поддршка на училишниот спорт и создавање подобри услови за физичка активност на учениците.

„Благодарение на оваа донација,  учениците сега имаат можност да уживаат во новите реквизити и да се натпреваруваат во спортови како фудбал, кошарка, ракомет, одбојка  и многу други. Оваа иницијатива има за цел да ги поттикне и поддржи младите кон спортски активности и развивање здрави навики, што е основен приоритет за МОК.

Искрена благодарност до општината и градоначалникот Дејан Митески за поддршката дадена во овој проект, а пред се огромна благодарност до наставниците од училиштата без кои овој проект немаше да биде толку успешен!

Овие проекти се важен чекор за подобрување на спортската инфраструктура и за обезбедување на подобри услови за младите спортисти, како и за сите кои сакаат да се занимаваат со рекреативен спорт.

Ова е само почеток на поголем план кој ќе го подигне нивото на спортот и физичката активност во Аеродром. Во соработка со МОК, веќе се одржа обука за наставниците по физичко образование, со цел да се подобри квалитетот на спортските активности во училиштата. Исто така, се планираат и спортски настани кои ќе ги вклучат учениците и наставниците.

Заедно создаваме иднина каде што младите ќе имаат пристап до здрав и активен начин на живот, затоа што спортот е основата за здрава заедница.

МОК во партнерство со општина Аеродром се грижи за својата младина!“, стои во соопштението на МОК.

Се вчитува...