МОК со хуманитарна акција во духот на солидарноста, поддршката и грижата за заедницата

Македонскиот олимписки комитет со гордост ја реализираше својата најнова хуманитарна акција, во духот на солидарноста, поддршката и грижата за заедницата.

Во рамките на оваа иницијатива, Комитетот донираше вкупно 2.000 сетови постелнина на институции кои се грижат за образованието, здравјето и благосостојбата на граѓаните:

🏠 Студентски дом „Гоце Делчев“ – Скопје

🏥 ЈЗУ Градска општа болница „Св. Наум Охридски“ – Скопје

🏥 Универзитетска клиника за торакална хирургија при ЈЗУ Универзитетски клинички центар „Мајка Тереза“ – Скопје

🎓 Средно училиште „Стив Наумов“ – Скопје

🎓 Средно училиште „Партение Зографски“ – Скопје

🎓 Средно училиште „Здравко Цветковски“ – Скопје

🎓 Средно училиште „Професор Мијалковиќ“ – Куманово

🏊 Базен Спа – Куманово

Македонскиот олимписки комитет ќе продолжи со донирање на опрема и неопходни ресурси за развој на спортот, како и со поддршка на спортските и останати институции од јавен интерес.

Со оваа донација, Македонскиот олимписки комитет дава поддршка на младите кои се едуцираат и живеат во студентските домови, како и на пациентите и здравствените работници кои секојдневно се грижат за нашето општество.

Се вчитува...