Претседателот на Македонскиот олимписки комитет, Даниел Димевски го закажа Редовното годишно собрание за 31 јануари со почеток од 17 часот во конференциската сала на Олимпискиот дом СЦ „Јане Сандански“.
„Согласно чл. 28 и чл.29 од Статутот на ОКСМ, свикувам редовно Собрание на Олимпискиот комитет на Северна Македонија, кое ќе се одржи на 31 Јануари 2025 година (петок), со почеток во 17:00 часот, во Олимпискиот дом СЦ “Јане Сандански“ – конференциска сала“ – се вели во соопштението од МОК.
Согласно информацијата од МОК, на дневниот ред на Редовното Собрание ќе биде разгледан финансискиот извештај за 2024 година, предлог буџетот за 2025 година, но и работниот извештај за програмите на ОКСМ (Олимписки стипендии, реализација на Олимписки и спортски програми, ЕУ проекти/“Еразмус+“). На дневниот ред ќе има и измени и дополнувања на Статутот на ОКСМ во согласност со Олимписката повелба и препораките на ИОК за добро владеење и добри деловни практики, избор на нови членови на Комисиите на ОКСМ, избор на нов состав на Собранието на ОКСМ како и извештај за организацијата на летниот Европски младински олимписки фестивал Скопје 2025.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА