Партизан беше предвреме отпишан и прежален од кошаркарските аналитичари во пресрет на новата сезона од Евролигата, но белградските „црно-бели“ ги изненадија сите и по три кола се наоѓаат на делба на првото место на табелата со максимални три победи.
Жоан Пењароја промени доста во играчкиот ростер, но шпанскиот стратег очигледно успева да ја најде победничката комбинација, иако Партизан на стартот на сезонава повторно се соочува со проблеми со повреди.
За успехот да биде уште поголем, две од овие три победи беа на гостински терен, против Париз и Баерн во Минхен, како потврда за зрелоста што ја покажува овој состав на „црно-белите“.
Традицијата вели дека Партизан никогаш досега не стартувал една евролигашка сезона со три победи, ниту под водство на Душко Вујошевиќ ниту пак додека тренер беше Жељко Обрадовиќ.
Останува да се види колку ќе трае оваа победничка серија ако се знае дека следниот предизвик е уште поголем – гостување во Мадрид против големиот Реал, кој е чиста спротивност од Партизан, во првите три кола има три порази.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА
