Младата репрезентација на Македонија убедливо ги почна квалификациите за пласман на ЕП 2021 со висок триумф од 7-1 (3-1) против селекцијата на Фарските острови.
На натпреварот кој се одигра на тренинг центарот на ФФМ, гостите први дојдоа до предност со голот на Андреасен од пенал во 19. минута. Но, потоа се во знакот на момците во црвени дресови.
Најпрво Митровски во 25. минута израмни на 1-1…
Па, Чурлинов со прекрасен гол носи предност од 2-1 во 32. минута…
И, Митровски во третата минута од судиското продолжение со уште еден свој гол заокружува на 3-1 по првите 45 минути.
КВАЛИФИКАЦИИ ЗА ЕП 2021 – ГРУПА 6
МАКЕДОНИЈА – Ф. ОСТРОВИ 7-1 (3-1)
Стадион на тренинг центар на ФФМ. Гледачи: 300. Стрелци: Митровски 25′, 45’+3, 85′, Чурлинов 32′, 88′, Даци 59′, Личина 62′ (М) – Андреасен 19′(п) (Ф.О)
МАКЕДОНИЈА: Јанков, Антовски (46′ Јованов), Тодоровски, Руфати, Личина, Ристовски, Атанасов, Даци, Здравковски, Чурлинов, Митровски
Селектор: Благоја Милевски (натпреварот го водеше Роберт Стојановски)
Ф. ОСТРОВИ: Захариасен, Олсен, Никласен, Петерсен, Андреасен, Микласен, Гесинг, Самуелсен, П. Петерсен, Агнарсон, Јохансен
Селектор: Ели Хајнце
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА