Во повеќе од тврд натпревар во дербито на колот од осминафиналната група на ЕП која се игра во Загреб, Франција славеше против Шведска со 23-17 (10-8).
Французите беа далеку подобар противникот на теренот, и покрај тоа што од првото полувреме останаа без Лука Карабатиќ кој заработи директен црвен картон поради груб старт.
Но сето тоа ниту најмалку не беше пречка „петлите“ уште во првиот дел да дојдат до предност, која потоа во второто полувреме само дополнително ја зголемија за конечна убедлива од 23-17.
Најефикасен во победничкиот тим беше Сорхаиндо со 5 гола а четири постигна Кентин Махе. Во поразениот тим се издвои Симон Јепсон со 4 гола.
По овој триумф, Франција е на врвот од табелата со 6 бода, пред Норвешка, Шведска и Хрватска кои имаат по 4 бода, а Белорусија и Србија се без бодови.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА