Германија тргна моќно на овој европски шампионат откако на отворањето на ЕВРО 2024 домашната селекција во Минхен за 45 минути игра има водство од 3-0 против Шкотска.
Шкотите најавуваа изненадување, но налетаа на максимално мотивиран противник кој целосно ги надигра и веќе во првото полувреме си ја осигура победата. Во првите петнаесетина минути блеснаа младите Флоријан Вирц и Џамал Мусиала, кои со два мајсторски погодоци ги израдуваа домашните фанови на „Алијанц Арена“ за предност од 2-0.
Германија потоа рутински го намали темпото, но пред крајот на полувремето поведе и со 3-0 со пеналот на Хаверц, окако Гундоган беше фаулиран во противничкиот шеснаесетник.
Покрај огромната негатива, Шкотите имаат дополнителен проблем бидејќи останаа и без играч на теренот, по заслужениот црвен картон на Портеус за стартот врз Гундоган при пеналот за потивникот.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА