КФСМ врти нова страница во начинот на своето функционирање откако денеска и официјално беше промовиран договорот со новиот генерален спонзор на куќата на кошарката.
Станува збор за „Комерцијална банка“, најмоќниот субјект во банкарскиот систем во земјата кој реши да го поддржи проектот предводен од новиот претседател Томица Главчев.

„Светското првенство Катар 2027, за поттик на младите генерации, за нови спортски јунаци кои ги градат своите соништа под обрачите. Ова партнерство претставува повеќе од поддршка – тоа е заедничка заложба за нови спортски успеси во пресрет на претквалификациите за Светското првенство Катар 2027, за поттик на младите генерации, за нови спортски јунаци кои ги градат своите соништа под обрачите“, порачуваат од КФСМ.

На официјалната средба помеѓу Хари Костов, Главен извршен директор и претседател на Управниот одбор на Комерцијална банка, и Томе Главчев, Претседател на Македонската Кошаркарска Федерација, партнерството беше официјализирано со заедничка посветеност и ентузијазам.
„Поддршката на спортот е поддршка на вредности кои се темел на секое здраво општество – дисциплина, тимска работа, истрајност и почит. Горди сме што стануваме дел од кошаркарската приказна и веруваме дека заедно ќе инспирираме нови генерации да сонуваат и да победуваат. Веќе седум децении Комерцијална банка како општествено одговорна компанија континуирано вложува во развој на заедницата со цел заедно да постигнеме уште поголем напредок и успеси на кои сите ќе се радуваме“, изјави Костов во име на Комерцијална банка.
Претседателот Главчев изрази благодарност за поддршката.
„На мое големо задоволство, како и на целата Кошаркарска Федерација, се потпиша договор за Генерално спонзорство помеѓу Македонската Кошаркарска Федерација и Комерцијална банка. За поздравување е настанот од повеќе аспекти, но морам да забележам дека по подолго време на челната спонзорска позиција застанува една македонска компанија. Би сакал да им се заблагодарам на првите луѓе од Комерцијална банка и на директорот Костов за поддршката и разбирањето кое го искажуваат со овој чин. Ние како Федерација ќе направиме сè што е во наша моќ да ја оправдаме довербата и, секако, во иднина да имаме основа за продолжување доколку има интерес“, истакна Главчев.

„Како општествено одговорна компанија, Комерцијална банка останува посветена на создавање вистински вредности и охрабрување на младите генерации спортисти.
Со гордост обезбедуваме уште една значајна поддршка за македонскиот спорт, токму во годината кога со уште поголема гордост го одбележуваме големиот јубилеј: 70 години Комерцијална банка. Овој јубилеј го славиме со дела што оставаат трага – со инвестиции во иднината, во младите, во спортот и во вредностите што нè водат седум децении наназад, и ќе нè водат и понатаму“, истакнуваат од „Комерцијална Банка“ по потписот на овој договор.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

